Oперации
Поставувања
Oперации
За да спречите несреќи со деца, со функцијата Child Lock (Безбедносен механизам) се заклучуваат сите копчиња.
Меѓутоа, Child Lock (Безбедносен механизам) нема да се активира додека не притиснете на Активирање/Пауза .
Со функцијата за паузирање, може да ја отворите вратата или да ги промените нагодувањата со притискање на соодветните копчиња. Меѓутоа, откако ќе притиснете на Активирање/Пауза за да ја вклучите машината за перење, функцијата Child Lock (Безбедносен механизам) повторно ќе се активира.
•Со Child Lock (Безбедносен механизам) се заклучуваат сите копчиња освен Напојување.
•За да ја активирате функцијата Child Lock (Безбедносен механизам), држете ги притиснати копчињата Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) истовремено во времетраење од 3 секунди.
•За откажување или деактивирање на Child Lock (Безбедносен механизам), притиснете Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење)
еднаш за да ја откажете или притиснете Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) два пати за да ја деактивирате.
ЗАБЕЛЕШКА
За да додадете детергент, да ставите уште алишта во барабанот или да ги промените нагодувањата за циклусот додека е вклучена функцијата Child Lock (Безбедносен механизам), мора првин да ја деактивирате функцијата Child Lock (Безбедносен механизам).
Може да го вклучите или да го исклучите копчето. Нагодувањето ќе остане активно и откако ќе ја рестартирате машината.
•За да го мутирате звукот, држете ги притиснати копчињата Rinse (Плакнење) и Spin (центрифуга) истовремено во времетраење од 3 секунди.
•За да го вклучите звукот, повторно држете ги притиснати во времетраење од 3 секунди.
38 Македонски
|
| 2017/12/5 11:04:44 | |
|
| ||
|
|
|
|