Одржување
Одржување
Чистење
Површина на машината за перењеУпотребувајте мека крпа со неабразивно средство за чистење во домаќинствата. Не прскајте вода врз машината.
Мрежест филтерЧистете го мрежестиот филтер на цревото за довод на вода еднаш или двапати годишно.
1. Исклучете ја машината за перење и откачете го кабелот за напојување.
2. Затворете ја славината за вода.
3. Олабавете го и откачете го цревото за довод на вода од задната страна на машината за перење. Покријте го цревото со крпа за да спречите избивање на водата.
4. Користете клешти за вадење на мрежестиот филтер од отворот за вентил.
5. Потопете го мрежестиот филтер во длабок сад со вода за да се потопи и приклучокот со навој.
6. Целосно исушете го мрежестиот филтер под сенка.
7. Повторно вметнете го мрежестиот филтер во отворот за вентил и повторно поврзете го цревото за вода со отворот за вентил.
8. Отворете ја славината за вода.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако мрежестиот филтер е затнат, на екранот се појавува код за грешка од„4C“.
44 Македонски
|
| 2017/12/5 11:04:46 | |
|
| ||
|
|
|
|