РАЧНО ПЕРЕЊЕ ОБЛЕКА

Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на Fuzzy Logic функцијата.

За оваа цел:

1.Отворете го доводот на вода.

2.Притиснете го копчето за (вклучување/исклучување) на машината.

3.Отворете ја вратата.

4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.

5.Затворете ја вратата.

6.Ставете детрегент во фиоката за детергент .

7.Секвенцијално притиснувајте го копчето за избор на програмот што го сакате: Памук, Обоено, Синтетика, Брзо перење ...

8.Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за избор на брзина на центрифуга (Без центрифуга, 400, 800, ..., Без центрифуга, ...).

9.Секвенцијално притиснувајте го копчето Option (Oпција) за избор на саканиот циклус

(Prewash (Предперење), Rinse+ (Плакнење+), Rinse hold (Запрено плакнење), ...).

10.Притиснете го копчето за избор на температура (ладна вода, 30 °C, 40 °C, 60 °C, 95 °C).

11.Притиснете го копчето за активирање/пауза и машината ќе го започне циклусот на перење.

Кога циклусот е завршен:

1.Отворете ја вратата.

Вратата можете да ја отворите по 3 минути откако машината ќе престане со работа или ќе се исклучи од напојување.

2.Извадете ги алиштата.

Бавното вртење на барабанот при последното центрифугирање за памук, обоено и брзо перење не претставува дефект на машината. Оваа функција ќе ви овозможи лесно вадење на алиштата.

ИЗБИРАЊЕ НА ОПЦИЈА

Prewash (Предперење)

Предперењето е можно само кога перете памук, обоено, синтетика или деликатни алишта.

За да користите предперење:

1.Ставете детергент за предперење во преградата од фиоката за детергент.

2.Изберете “Cotton” (Памук), “Coloureds” (Обоено) или “Synthetic” (Синтетика) со копчето за избор на програми.

3.Притиснувајте го копчето Option (Oпција) додека не засвети сијаличката “Prewash” (Предперење) на контролната плоча.

4.Притиснете го копчето за активирање/пауза за почеток на циклусот.

Rinse+ (Плакнење+)

Вашата машина ќе изврши дополнителен циклус на плакнење. Времетраењето на перењето ќе се продолжи.

Rinse Hold (Запрено плакнење)

Алиштата остануваат потопени во последната вода за плакнење.

Пред да ги извадите алиштата, треба да се вклучи програмот “Spin” (центрифуга).

Перење на алишта _11

02 Перење на алишта

WF-J1461-02456G_MK.indd 11

2007-05-21 ø¿»ƒ 7:06:09

Page 91
Image 91
Samsung WF-F861/YLP, WF-F861GW/YLE manual Рачно Перење Облека, Избирање НА Опција, Prewash Предперење, Rinse+ Плакнење+