ПОВРЗУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД НА ВОДА

Едниот крај на цревото за довод на вода треба да се поврзе на машината, а другиот со славината за вода. Не затегнувајте го цревото за довод на вода. Ако цревото е прекратко и не сакате да ја преместите славината за вода, заменете го со подолго црево за висок притисок.

За да го поврзете цревото за довод на вода:

1. Држачот од цревото со L-облик поврзете го со приклучокот за довод на ладна вода на задната страна од машината. Стегнете со рака.

2. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода со славината и стегнете со рака. По потреба, можете да ја промените положбата на цревото за довод на вода со ослободување, вртење и повторно стегнување на делот од цревото кој е поврзан со машината.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ОДВОД

Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:

Преку работ на лавабото

Цревото за одвод мора да биде поставено на височина од 60 до 90 cm. За да го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач за црево. Прицврстете го држачот за ѕид со кука или за славина со жица за да спречите поместување на цревото.

01 Инсталирање на машината за перење

Во разгранување на одводната цевка од лавабото

Разгранувањето на цевката за одвод мора да биде над сифонот на лавабото така што крајот на цревото да е најмалку 60 cm над земјата.

Во цевка за одвод

Samsung препорачува употреба на вертикална цевка од 65 cm; цевката не смее да биде пократка од 60 cm и подолга од 90 cm.

Инсталирање на машината за перење _7

WF-J1461-02456G_MK.indd 7

2007-05-21 ø¿»ƒ 7:06:02

Page 87
Image 87
Samsung WF-F861/YLP manual Поврзување НА Цревото ЗА Довод НА Вода, Поставување НА Цревото ЗА Одвод, Преку работ на лавабото