безбедносни информации
Ви честитаме за набавката на оваа Samsung машина за перење. Ова упатство содржи корисни информации за инсталирање, употреба и одржување на машината. Ве молиме внимателно прочитајте ги овие инструкции за да ги искористите во целост функциите што ги нуди машината за перење и за да ја употребувате многу години.
ВАЖНИ СИМБОЛИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали повреди или оштетување на околината .
ВНИМАНИЕ |
|
|
|
| За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар и други |
| повреди при употребата на машината, придржувајте се кон следните |
ВНИМАНИЕ | мерки напретпазливост: |
ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ АПАРАТОТ
Амбалажата може да биде опасна за деца; чувајте ја амбалажата (пластични кеси, ВНИМАНИЕ стиропор и сл.) подалеку од дофат на децата.
Апаратот е наменет само за домашна употреба.
Проверете дали приклучоците за вода и струја се поставени од страна на квалификувано лице, во согласност со инструкциите на производителот (погледнете “Инсталирање на машината за перење”) и локалните безбедносни прописи.
Целата амбалажа и транспортните чепови мора да се отстранат пред употребата на машината. Доколку тие не бидат отстранети може да настанат сериозни оштетувања. Погледнете “Отстранување на транспортните чепови”.
Пред првото перење на алишта, мора да го поминете целиот процес на перење без алишта. Погледнете “При првото перење”.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
При чистење и одржување, исклучете го апаратот од електричниот приклучок или ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ поставете го копчето (вклучување/исклучување) на исклучено.
Проверете дали џебовите од алиштата за перење се празни.
Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.
По употребата секогаш исклучете ја машината од напојувањето и затворете ја водата.
Пред да ја отворите вратата од уредот, проверете дали водата е истечена. Не отворајте ја вратата ако сè уште можете да видите вода во машината.