Куќни миленичиња и деца може да влезат во машината. Проверувајте ја машината пред секое користење.
Стаклената врата се загрева при процесот на перење. Чувајте ги децата подалеку од машината додека таа работи.
Не обидувајте се сами да ја поправате машината. Поправката извршена од страна на неискусни и неквалификувани лица може да доведе до сериозни повреди и/или поголеми оштетувања на уредот.
Ако приклучокот или кабелот за струја се оштетени, тие мора да се заменат од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.
Овој уред треба да биде сервисиран исклучиво од страна на овластен сервис при што треба да се употребуваат само оригинални резервни делови.
Уредот не треба да го употребуваат мали деца и болни луѓе освен во случај кога тие се под надзор на други лица кои гарантираат за нивната безбедност. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Уредот треба да се поврзе на приклучок соодветен на потрошувачката на моќност.
По инсталирањето, поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот.
Не употребувајте вода која содржи масло, крем или лосион, која може да се најде во продавниците за нега на тело и салоните за масажа.
•Во спротивно уредот може да се деформира и да не работи исправно или да дојде до истекување на вода.
Челичната цевка за вода обично не ‘рѓосува. Меѓутоа, доколку некој метален предмет, како на пример игла за коса остане подолг период во цевката, тогаш можна е корозија.
•Не дозволувајте вода или средство за белење кое содржи хлор да остане во цевката подолго време.
•Не употребувајте и не оставајте вода која содржи железо во цевката подолго време.
•Ако се појави ‘рѓа на површината на цевката, нанесете средство за чистење
(неутрално) и потоа употребете сунѓер или мека ткаенина за чистење. (Во никакви околности не употребувајте метална четка)
Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, килимот не треба да ги затвора отворите.
Употребувајте нови црева - старите црева не треба повторно да ги користите.