Пред да започнете

Почетни поставки

Извршете Калибрација (се препорачува)

Опцијата Калибрација овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Калибрација.

1.Исклучете го напојувањето на машината за перење, а потоа повторно вклучете го напојувањето.

2.Задржете ги истовремено копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) во период од 3 секунди за да го активирате режимот Калибрација. Ќе се појави пораката “Cb”.

3.Притиснете Активирање/Пауза за да го активирате циклусот Калибрација.

4.Барабанот ќе ротира во насока и спротивно од насоката на часовникот околу 3 минути.

5.По завршување на циклусот, на екранот ќе се прикаже “0” и машината за перење автоматски ќе се исклучи.

6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.

започнете да Пред

24Македонски