Ракување

Поставки

Ракување

Заклучување за деца

За да спречите несреќи предизвикани од деца или бебиња, функцијата Заклучување за деца ги заклучува сите копчиња освен копчето Напојување.

За да ја поставите функцијата Заклучување за деца, задржете ги истовремено копчињата

Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во период од 3 секунди. За активирање, притиснете Активирање/Пауза.

Штом ја активирате функцијата Заклучување за деца, сите контроли ќе се оневозможат освен Напојување. За да можете да ги користите контролите, прво треба да ја деактивирате функцијата Заклучување за деца.

За да ја деактивирате функцијата Заклучување за деца, задржете ги истовремено копчињата

Temp. (Температура) и Rinse (Плакнење) во период од 3 секунди.

ЗАБЕЛЕШКА

Кога функцијата Заклучување за деца е активна, ако сакате да додадете детергент или алишта или, пак, да ги промените тековните поставки, прво мора да ја деактивирате функцијата Заклучување за деца.

Вклучување/исклучување звук

Можете да го вклучите или исклучите звукот што го репродуцира машината за перење. Поставувањето ќе се зачува дури и ако ја рестартирате машината за перење.

За да го исклучите звукот, притиснете и задржете истовремено Rinse (Плакнење) и Spin (Центрифуга) во период од 3 секунди.

За повторно да го вклучите звукот, притиснете и задржете ги истите копчиња повторно во период од 3 секунди.

38 Македонски