Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи таа може да биде опасна за нив.

Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да се задуши.

Кога уредот, приклучокот за напојување или кабелот за напојување ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.

Уредот мора да биде прописно заземјен.

Не заземјувајте го уредот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонски вод.

Ова може да предизвика електричен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

Никогаш немојте да го приклучувате кабелот за напојување во штекер кој не е правилно заземјен и проверете дали штекерот е во согласност со локалните и националните регулативи.

Немојте да го инсталирате овој уред во близина на грејно тело или кој било запалив материјал.

Немојте да го инсталирате овој уред на влажно, масно или прашливо место или, пак, на место изложено на директна сончева светлина и вода (капки од дожд).

Немојте да го инсталирате овој уред на места изложени на ниска температура.

Мразот може да предизвика пукање на цевките.

Не инсталирајте го уредот на места каде што може да дојде до протекување на гас.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Не користете претворач на струја.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Не употребувајте оштетен штекер, оштетен кабел или лабав приклучок за струја.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар. Немојте да го влечете или силно да го виткате кабелот. Немојте да го превиткувате или да го врзувате кабелот.

Немојте да го закачувате кабелот за струја преку метален предмет, да ставате тешки предмети врз него, да го приклештувате помеѓу предмети или да го пикате во просторот зад уредот.

Ова може да предизвика електричен удар или пожар.

Немојте да го влечете кабелот кога го исклучувате уредот од струја.

Извлечете го штекерот од држејќи го телото на штекерот.

Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат достапни.

информации Безбедносни

Македонски  7

WW90M740NOA_DC68-03889H_MK.indd 7

 

 

2018/2/7 15:47:05