Монтирање

Монтирање

8. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода на отворот на вентилот на задната страна од машината за перење. Завртете го цревото надесно за да го зацврстите.

9. Отворете ја славината за вода и проверете дали има протекување околу областите на поврзување. Доколку протекува вода, повторете ги горенаведените чекори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ако има истекување на вода, престанете да ја користите машината за перење и исклучете ја од штекерот. Потоа, контактирајте со сервисниот центар на Samsung. Во спротивно, ова може да предизвика електричен удар.

ВНИМАНИЕ

Не употребувајте сила при затегнувањето на цревото за довод на вода. Ако цревото е прекратко, заменете го со подолго црево за висок притисок.

ЗАБЕЛЕШКА

Откако ќе го поврзете цревото за довод на вода со адаптерот, проверете дали цревото за довод на вода е правилно поврзано повлекувајќи го надолу.

Употребувајте познат тип на славина за вода. Доколку славината е четириаголна или премногу голема, отстранете го прстенот за приспособување пред да ја вметнете славината во адаптерот.

22  Македонски

WW90M740NOA_DC68-03889H_MK.indd 22

 

 

2018/2/7 15:47:08