Пред да започнете

Пред да започнете

Почетни поставувања

Активирање на калибрација (се препорачува)

Опцијата Calibration (Калибрација) овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Calibration (Калибрација).

1.Исклучете ја и потоа вклучете ја машината за перење.

2.Држете ги притиснати копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) (или Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување)+) истовремено во времетраење од 3 секунди за да го активирате режимот на калибрација. Се прикажува пораката„Cb“.

-- Копчињата може да се разликуваат во зависност од моделот. Проверете го моделот.

3.Притиснете и држете го копчето Старт/Пауза (Задржете за старт) за да го активирате циклусот на калибрација. Барабанот ќе се врти надесно и налево во период од приближно 3 минути.

4.Кога ќе заврши циклусот, на екранот се прикажува„0“ и машината за перење алишта автоматски се исклучува. Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.

Инструкции за перење

ЧЕКОР 1 - Сортирајте

Сортирајте ги алиштата за перење според овие критериуми:

Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.

Големина: Со мешање на алишта со различна големина во барабанот се подобрува ефикасноста на перењето.

Чувствителност: Одделно перете ја деликатната облека изработена од чиста и нова волна, завесите и свилената облека. Проверете ги етикетите на предметите.

ЗАБЕЛЕШКА

Задолжително проверете ја етикетата за чување на алиштата, а потоа сортирајте ги соодветно пред да започнете со перење.

ЧЕКОР 2 - Испразнете ги џебовите

Испразнете ги сите џебови од алиштата за перење

Металните предмети, како на пр. монети, игли и токи на алиштата може да ги оштетат другите алишта за перење, како и барабанот.

26  Македонски

WW90M740NOA_DC68-03889H_MK.indd 26

 

 

2018/2/7 15:47:08