Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.
Ставете ја решетката за печење на нејзината позиција со испакнатите делови (граничници на двете страни) свртени кон предната страна, за да може решетката за печење да овозможи соодветна потпора за голема тежина.
ВНИМАНИЕ
Немојте да ја поврзувате рерната доколку таа е оштетена при транспорт.
Единствено електричар со специјално овластување може да го поврзе овој уред со напојувањето.
Во случај на дефект или оштетување на уредот, не обидувајте се да го употребувате.
Поправките може да ги извршува само овластено техничко лице. Неправилните поправки може да предизвикаат сериозна опасност за вас и за другите лица. Доколку рерната треба да се поправи, обратете се во сервисниот центар на SAMSUNG или кај вашиот продавач.
Електричните кабли не смеат да ја допираат рерната.
Рерната треба да биде поврзана со напојувањето преку соодветен прекинувач или осигурувач. Никогаш немојте да користите продолжителни кабли или адаптери со повеќе приклучни места.
При поправањето или чистењето на уредот, напојувањето треба да биде исклучено.
Внимавајте при приклучувањето на други електрични уреди во штекер во близина на рерната.
Ако уредот се одликува со функција за готвење со пареа, не го вклучувајте кога картриџот за довод на вода е оштетен. (само модели со функција за готвење со пареа)
Кога картриџот е скршен или пукнат, не го употребувајте и обратете се до најблискиот сервисен центар. (само модели со функција за готвење со пареа)
Оваа рерна е дизајнирана единствено за готвење храна во домаќинствата.
За време на користењето, внатрешните површини на рерната стануваат доволно жешки за да предизвикаат изгореници. Не допирајте ги грејните тела или внатрешните површини на рерната сè додека не помине доволно време тие да се изладат.
Никогаш немојте да ставате запаливи материјали во рерната.
Површините на рерната стануваат жешки доколку уредот подолго време се користи со висока температура.
Безбедносни инструкции
Македонски 7