Samsung BQ1S4T133/XEO manual Користење на упатството, Мерки за безбедност, Електрична Безбедност

Models: BQ1S4T133/XEO

1 160
Download 160 pages 21.98 Kb
Page 62
Image 62

користење на упатството

Ви благодариме што купивте рерна за вградување од SAMSUNG.

Ова упатство за користење содржи важни информации околу безбедноста и помошните инструкции кои се однесуваат на употребата и одржувањето на вашиот уред.

Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го прочитате упатството и да го задржите за користење во иднина.

Во текстот од упатството се користат следните симболи:

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ или

ВНИМАНИЕ

Важно

Забелешка

мерки за безбедност

Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши инсталацијата е одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните безбедносни препораки.

ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

Немојте да ја поврзувате рерната доколку таа е оштетена при транспорт.

Единствено електричар со специјално овластување може да го поврзе овој уред со напојувањето.

Во случај на дефект или оштетување на уредот, не обидувајте се да го употребувате.

Поправките може да ги извршува само овластено техничко лице. Неправилните поправки може да предизвикаат сериозна опасност за вас и за другите лица. Доколку рерната треба да се поправи, обратете се до SAMSUNG сервисниот центар или до вашиот продавач.

Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален кабел кој може да го набавите од производителот или од овластениот сервисер.

Електричните кабли не смеат да ја допираат рерната.

Рерната треба да биде поврзана со напојувањето преку соодветен прекинувач или осигурувач. Никогаш немојте да користите продолжителни кабли или адаптери со повеќе приклучни места.

Плочката со податоци е поставена на десната страна од вратата.

При поправањето или чистењето на уредот, напојувањето треба да биде исклучено.

Внимавајте при приклучувањето на други електрични уреди во штекер во близина на рерната.

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот треба да се исклучи пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар. За време на употребата внатрешните површини може да бидат многу жешки.

2_користење на упатството

BQ1S4T133_XEO-00069X-01_MK.indd 2

8/6/2013 2:37:13 PM

Page 62
Image 62
Samsung BQ1S4T133/XEO manual Користење на упатството, Мерки за безбедност, Електрична Безбедност, Внимание