Samsung BQ1S4T133/XEO manual Сад за капење, Сад за печење, Ражен за скара опционално

Models: BQ1S4T133/XEO

1 160
Download 160 pages 21.98 Kb
Page 65
Image 65

Сад за капење

(Длабокиот) сад за капење е погоден при печење. Тој може да се користи во комбинација со малата решетка за спречување на капењето на течностите на дното од рерната.

Сад за печење

Садот (рамен) за печење може да се употребува за подготвување на торти, колачи и други видови на слатки.

Ражен за скара (опционално)

Раженот за скара може да се користи за печење на живина како кокошки. Раженот за скара може да се користи само во единечен режим во отворот за решетка 3, бидејќи раженот мора да се прикачи на адаптерот на задната страна. Отстранете ја црната рачка додека готвите.

Прибор за ражен и набодување (опционално) За да го употребите:

Ставете ја длабоката тава (не триножник) на ниво 1 за да го собирате сокот од готвењето, или на дното од рерната доколку парчето месо кое го печете е големо.

Ставете една од вилушките на раженот; ставете го месото за печење на раженот;

Околу работ на длабоката тава може да се постави подварен варен компир и зеленчук, за истовремено печење.

Поставете ја рамката на средната полица при што обликот “v” ќе биде завртен кон вас.

За полесно вметнување на раженот, можете да ја зашрафите рачката на тапиот дел.

Ставете го раженот на рамката со шилестиот крај кон задната страна и нежно турнете додека врвот од раженот влезе во механизмот за вртење на задната страна од рерната. Тапиот крај од раженот треба да лежи на делот со “v” облик. (Раженот има две дршки кои треба да се блиску до вратата од рерната за да спречат раженот да се придвижи нанапред, со тоа што тие служат и за прицврстување на рачката.)

Пред готвењето одвртете ја рачката. По готвењето повторно завртете ја рачката за полесно да го извадите раженот од рамката.

Телескопски шини со лизгачи (опционално)

За вметнување на решетка или тава за печење, првин извлечете ги телескопските шини за соодветното ниво.

Поставете ги садот или тавата на шините и целосно бутнете ги во рерната.

Вратата од рерната затворете ја единствено откако ќе ги бутнете телескопските шини во рерната

додатоци_5

додатоци

BQ1S4T133_XEO-00069X-01_MK.indd 5

8/6/2013 2:37:14 PM

Page 65
Image 65
Samsung BQ1S4T133/XEO Сад за капење, Сад за печење, Ражен за скара опционално, Телескопски шини со лизгачи опционално