Samsung BQ1S4T133/XEO Инсталирање и одржување, Поврзување на напојување, Инсталирање во орманот

Models: BQ1S4T133/XEO

1 160
Download 160 pages 21.98 Kb
Page 72
Image 72

инсталирање и одржување

ИНСТАЛИРАЊЕ

Безбедносни инструкции за инсталирање

Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши инсталацијата е одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните безбедносни регулативи.

Овозможете заштита на деловите под напон при инсталирањето на рерната.

Елементот за кујна во кој ќе се смести рерната мора да ги задоволува барањата за стабилност наведени во DIN 68930.

Поврзување на напојување

Доколку уредот не се поврзува со напојувањето преку штекер, треба да се обезбеди повеќеполен прекинувач (со отвор на допир од најмалку 3 mm) за да се задоволат безбедносните регулативи. Кабелот за напојување (H05 RR-F или

H05 VV-F, мин, 1,5 m, 1,5-2,5 mm²) мора да биде доволно долг за да може да се поврзе со рерната, дури и кога таа е поставена на подот пред вградувањето. Отворете го задниот капак на рерната со шрафцигер и олабавете ги завртките од клемата за кабелот пред да ги поврзете жиците за напојување на соодветните

приклучоци. Рерната е заземјена преку (

 

 

 

)-приклучокот.

 

Доколку рерната се поврзува со напојувањето со помош на штекер, тој мора да биде достапен по инсталирањето на рерната. Samsung нема да преземе никаква одговорност за несреќни случаи настанати заради непостоење или погрешно изведено заземјување.

Инсталирање во орманот

Пластичните површини и површините за прилепување на рерната кај мебелот во кој се врши вградувањето треба да бидат отпорни на температура до 90 °C во внатрешноста на мебелот, а околниот мебел до 75 °C. Samsung нема да преземе никаква одговорност за оштетување на пластичните површини или површините за прилепување од преголема топлина.

Во основата на кујнскиот елемент каде што треба да се постави рерната треба да има отвор за вентилација.

За соодветна вентилација треба да оставите отвор од приближно 50 mm помеѓу долната полица и потпорниот ѕид. Ако рерната треба да се инсталира под плотна, тогаш треба да ги следите инструкциите за инсталирање на плотната.

 

 

Мин.550

Мин.560

 

 

 

 

 

 

 

 

Мин.50

 

370

 

560

 

 

 

 

 

Макс.50

 

 

 

Мин.590 ~ Макс.600

595

 

572

550

 

 

 

 

 

595

545

 

 

 

21

 

 

 

 

 

 

Мин.460 x Мин.50

Вградена

 

 

 

 

 

 

Мин.550

Мин.560

370

175

 

 

560

 

 

 

 

 

 

 

115

 

 

 

 

 

 

595

 

 

 

 

 

Мин.600

 

 

 

 

 

550

Макс. 476

 

572

 

595 Макс.

 

545

Мин.460 x Мин.50

464

21

Вградена под друг елемент

 

 

 

 

 

 

Вградена + Вградена под друг елемент

Турнете го уредот целосно во орманот и добро прицврстете ја рерната од двете страни со помош на 2 завртки. Не заборавајте да оставите простор од најмалку 5mm помеѓу уредот и околниот орман.

По инсталирањето, отстранете го заштитниот пластичен слој, лентата, хартијата и додатоците од вратата и внатрешноста на рерната. Пред да ја демонтирате рерната од мебелот, исклучете го нејзиното напојување и ослободете ги 2-те завртки од двете страни на рерната.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Мебелот во кој се врши вградувањето мора да има минимален отвор за вентилација за проток на воздух како што е прикажано на сликата. Не го покривајте овој отвор со парчиња дрво, бидејќи тој се користи за вентилација.

Предниот надворешен дел на рерната, како на пример рачката, е различен во зависност од моделот. Но, големината на рерната на сликата е иста.

12_инсталирање и одржување

BQ1S4T133_XEO-00069X-01_MK.indd 12

8/6/2013 2:37:19 PM

Page 72
Image 72
Samsung BQ1S4T133/XEO manual Инсталирање и одржување, Поврзување на напојување, Инсталирање во орманот