Samsung BQ1S4T133/XEO Безбедност ПРИ Користењето, Инструкции ЗА Отстранување, Мерки за безбедност

Models: BQ1S4T133/XEO

1 160
Download 160 pages 21.98 Kb
Page 63
Image 63

БЕЗБЕДНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО

Оваа рерна е дизајнирана единствено за готвење на храна во домаќинствата.

За време на користењето, внатрешните површини на рерната стануваат доволно жешки за да предизвикаат изгореници. Не допирајте ги грејните тела или внатрешните површини на рерната сè додека не помине доволно време тие да се изладат.

Никогаш немојте да ставате запаливи материјали во рерната.

Површините на рерната стануваат жешки доколку уредот подолго време се користи со висока температура.

При готвењето, внимавајте при отворањето на вратата од рерната бидејќи жешкиот воздух и пареата можат да излезат многу бргу.

При готвење на храна која содржи алкохол, внимавајте бидејќи алкохолот испарува заради високата температура и пареата може да се запали доколку дојде во допир со жешките делови на рерната.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

Држете ги децата на безбедно растојание кога рерната се користи.

Замрзнатата храна како пиците мора да се готви на големата решетка. Доколку се користи садот за печење, тој може да се деформира заради големите температурни промени.

Немојте да истурате вода на дното на рерната кога тоа е жешко. Ова може да предизвика оштетување на емајлираната подлога.

Вратата на рерната мора да биде затворена за време на готвењето.

Внимавајте при отворањето на вратата пред крајот на постапката за чистење со пареа; водата на дното е жешка.

Не поставувајте садови за печење или тави на дното на рерната и не прекривајте го со алуминиумска фолија. Алуминиумската фолија ја блокира топлината, што може да предизвика оштетување на емајлираната површина и лоши резултати при готвењето.

Овошните сокови оставаат дамки на површината од емајл, кои потоа може да станат неизбришливи. При готвењето на торти со многу влага, користете ја длабоката тава.

Не оставајте ги садовите за печење на отворената врата од рерната.

Овој уред не е наменет за користење од страна на мали деца или онемоштени лица без соодветен надзор од одговорното возрасно лице кое ќе внимава на безбедноста при користењето.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.

За малите количества храна потребно е пократко време на готвење или загревање. Доколку се постават стандардните времиња може да дојде до прегревање и загорување.

ИНСТРУКЦИИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ

Отстранување на амбалажата

Материјалите кои се користат при пакувањето на овој уред можат да се рециклираат.

Отстранете ја амбалажата во соодветен контејнер на локалното место за отпад.

Отстранување на старите уреди

Пред отстранувањето на старите уреди, оневозможете го нивното идно користење за да не може да се претворат во извор на опасност.

За оваа цел, исклучете го уредот од напојувањето и отстранете го кабелот за напојување.

Заради заштита на животната средина, важно е старите уреди да се отстранат на правилен начин.

Уредот не треба да се отстранува заедно со останатиот отпад од домаќинството.

Информации околу датумите на прибирање и јавните места за отстранување може да добиете од локалното претпријатие за јавна хигиена.

мерки за безбедност_3

мерки за безбедност

BQ1S4T133_XEO-00069X-01_MK.indd 3

8/6/2013 2:37:13 PM

Page 63
Image 63
Samsung BQ1S4T133/XEO manual Безбедност ПРИ Користењето, Инструкции ЗА Отстранување, Отстранување на амбалажата