04Далечинска контрола на Samsung Smart

Повеќе за копчињата на Далечинска контрола на Samsung Smart

•• Сликите, копчињата и функциите на Далечинска контрола на Samsung Smart може да се разликуваат

во зависност од моделот.

(Напој.)

Притиснете за вклучување или исклучување на телевизорот.

(копче Боја / Број)

Со секое притиснување на ова копче се избира помеѓу приказ на прозорецот со копчиња во боја или виртуелната нумеричка тастатура.

•• Користете ги овие копчиња во боја за да пристапите до дополнителни опции кои се карактеристични за функцијата што се користи.

•• Притиснете го за да ја прикажете виртуелната нумеричка тастатура на екранот. Внесувајте нумерички вредности преку нумеричката тастатура. Изберете ги броевите,

апотоа изберете Готов за да ја внесете нумеричката вредност. Се користат за менување канали, внесување PIN код, внесување

поштенски код итн.

•• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата TTX.

Копчиња за насока (горе/долу/лево/ десно)

Овозможува поместување на означувањето и ги менува вредностите кои ги гледате во менито на телевизорот.

(Врати)

Овозможува враќање на претходното мени. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, функцијата што се користи ќе се исклучи. Ако го притиснете додека гледате некоја програма, тогаш ќе се прикаже претходниот канал.

(Репродукција/Пауза)

Кога ќе го притиснете, се појавуваат контролите за репродукција. Со помош на овие контроли можете да ги контролирате медиумските содржини што се репродуцираат.

(Smart Hub)

Овозможува враќање на Прв екран.

(Гласовна интеракција)

Ја активира функцијата Гласовна интеракција. Притиснете го и задржете го копчето, изговорете команда, а потоа отпуштете го копчето за да ја активирате функцијата Гласовна интеракција.

Кога ќе го притиснете копчето, менито Enter Voice Command Guide ќе се појави во долниот дел на екранот.

•• Поддржаните јазици и функции за гласовна интеракција може да се разликуваат во зависност од географската област.

(Ambient Mode)

Во режим за телевизија, притиснете го ова копче за активирање на Ambient Mode. Ако го притиснете копчето кога телевизорот е исклучен, тогаш телевизорот ќе се вклучи во Ambient Mode.

•• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави екранот со менито

Кратенка.

Избери

Овозможува избирање или активирање на означениот елемент. Ако го притиснете додека гледате некоја содржина, тогаш ќе се прикажат детални информации за програмата.

VOL (Глас)

Поместете го копчето нагоре или надолу за да ја прилагодите јачината на звукот. За да го исклучите звукот, притиснете го копчето. Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави менито на функцијата Кратенки за пристапност.

CH (Канал)

Поместете го копчето нагоре или надолу за да го промените каналот. За да го погледнете екранот на функцијата Водич, притиснете го копчето.

•• Ако го притиснете и задржите 1 секунда или подолго, тогаш ќе се појави екранот на функцијата Список со канали.

Македонски - 12

Page 254
Image 254
Samsung QE65Q8CNATXXH 04 Далечинска контрола на Samsung Smart, Повеќе за копчињата на Далечинска контрола на Samsung Smart