Грижа за телевизорот
•• Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчитете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија.
•• Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.
•• Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.
•• За да го исчистите екранот треба да го исклучите телевизорот,
апотоа внимателно да ги избришете дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот или екранот со мека ткаенина од микрофибер натопена со мало количество на вода. Потоа, отстранете ја влагата со сува ткаенина. Не употребувајте голема сила врз површината на екранот за време на чистењето бидејќи така можете да го оштетите екранот. Никогаш не користете запаливи течности (бензен, разредувач итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенина од микрофибер, а потоа избришете ги дамките со ткаенината.
Македонски
Македонски - 19