4Одмор

Притиснете го копчето Одмор за да ја активирате функцијата за одмор. Индикаторот за одмор ќе се вклучи и ладилникот ќе биде поставен на температура од 15°C за да го намали трошењето на струја кога ќе заминете на долг одмор или деловно патување или кога нема да имате потреба да го користите ладилникот.Додека функцијата за одмор е активирана, замрзнувачот останува вклучен.

• Функцијата за одмор ќе биде автоматски деактивирана доколку ја прилагодите температурата на ладилникот додека функцијата одмор е вклучена.

Обезбедете се дека сте ја извадиле храната од ладилникот пред да ја користите функцијата за одмор.

5Брзо замрзнување

Притиснете го копчето Брзо замрзнување за да ја активирате функцијата за брзо замрзнување. Индикаторот за Брзо Замрзнување ќе се вклучи и ладилникот ќе го забрза времето потребно за замрзнување на производите во замрзнувачот.Функцијата за брзо замрзнување ќе биде активна 72 часа а индикаторот на замрзнувачот ќе покажува -25°C. Функцијата за брзо замрзнување се исклучува автоматски. Кога процесот на брзо замрзнување

езавршен, индикаторот за брзо замрзнување се исклучува и замрзнувачот се враќа на претходно прилагодената температура. Кога ќе ја користите оваа функција, трошењето на енергија ќе се зголеми.За да ја деактивирате функцијата за брзо замрзнување, притиснете го копчето Брзо Замрзнување уште еднаш.

Доколку е потребно да замрзнете голема количина на храна, активирајте ја функцијата Брзо Замрзнување најмалку 24 часа порано.

20_ употреба

КОРИСТЕЊЕ НА КОНТРОЛНАТА ТАБЛА (ТИП „B“)

1Најладно

Притиснете го копчето Најладно еднаш или повеќе пати за да ја намалите температурата на ладилникот.Индикаторот за температура ќе се смени од ладно во најладно.Веќе поставена температура е Средна температура.Кога сите светла се вклучени, температурата е поставена на најладно.

2Ладно

Притиснете го копчето Ладно еднаш или повеќе пати за да ја зголемите температурата на ладилникот.Индикаторот за температура ќе се смени од најладно во ладно.Веќе поставена температура е Средна температура.Кога едно светло се вклучено, температурата е поставена на ладно.

• Постојат пет прилагодувања за температура, претставени со пет индикаторски светла.

Температурата на замрзнувачот ќе биде прилагодена автоматски во согласност со температурата на ладилникот(како што е наведено подолу).

Ладно

Најладно

Температура на замрзнувачот(ладилникот)

Доколку е потребно да замрзнете голема количина на храна, поставете ја температурата на ладилникот на најладно најмалку 24 часа порано.

Индикаторот за температура ќе трепка кога температурата во ладилникот или замрзнувачот дарстично ќе се зголеми заради складирање на жешка храна или често отворање на вратата.Индикаторот за температура ќе престане да трепка кога температурата во ладилникот или замрзнувачот ќе стане нормална. Доколку индикаторот за температура не престане да трепка по неколку часа, ве молиме контактирајте го вашиот сервисен центар.

DA99-02116P-11.indb ￿￿1:20

2016. 3. 24. ￿￿ 10:52