СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ

Не го вградувајте ладилникот на влажно место или место каде што може да дојде во контакт со вода.

-Пропаднатата изолација на електричните делови може да предизвика електричен удар или пожар.

Не го поставувајте ладилникот на директна сончева светлина и не го изложувајте на топлина од шпорети, собни греалки или други уреди.

Не вклучувајте повеќе уреди на иста повеќекратна утичница или продолжен кабел.Ладилникот секогаш треба да биде вклучен во своја самостојна електрична утичница која има напон кој одговара на

напонот на ладилникот.

-Ова обезбедува најдобри перформанси и спречува преоптеретување на куќните

електрични водови, што може да предизвика пожар од прегреаните жици.

Ако утичницата е лабава, не го вклучувајте приклучокот.

-Постои ризик од електричен удар или пожар.

• Не користете кабел кој има пукнатини или оштетувања од абразија по должината на кабелот или на краевите.

• Не го виткајте кабелот прекумерно и не ставајте тешки објекти на него.

• Не употребувајте аеросоли во близина на ладилникот.

-Употреба на аеросоли во близина на ладилникот може да предизвика експлозија или пожар.

Овој ладилник мора да биде правилно

вграден и поставен во согласност со упатството пред да се почне со употреба.

Приклучете го приклучокот за струја во правилна позиција така што кабелот да виси надолу.

-Ако го приклучите приклучокот за струја обратно, жицата може да се искине и да

предизвика пожар или електричен удар.

Осигурете се дека приклучокот не е смачкан или оштетен од задниот дел на ладилникот.

Кога го преместувате ладилникот, внимавајте

да не го прегазите или оштетите кабелот.

-Ова претставува опасност од пожар.

• Уредот мора да биде поставен така што приклучокот да биде пристапен по вградувањето.

• Ладилникот мора да биде заземјен.

-Мора да го заземјите ладилникот за да спречите било какви протекувања на струја или електрични удари предизвикани од губитоци на струја од ладилникот.

Никогаш не користете цевки за плин,

телефонски линии или други потенцијални проводници на удари од гром како заземјување.

-Неправилна употреба на приклучокот за заземјување може да резултира со електричен удар.

Ако кабелот за струја е оштетен, веднаш заменете го кај производителот

или неговата сервисна служба.

Осигурувачот на ладилникот мора да биде сменет од овластен персонал или сервисна служба.

-Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или лична повреда.

ЗНАЦИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ВНИМАНИЕ ПРИ ВГРАДУВАЊЕ

Чувајте ги отворите за вентилација во поклопецот на уредот и монтажната структура отворени и подалеку од препреки.

Оставете го уредот да стои 2 часа по вградувањето.

СТРОГИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗНАЦИ ЗА УПОТРЕБА

Не го вклучувајте приклучокот за струја со мокри раце.

Не чувајте предмети на покривот на уредот. - Кога ја отварате или затворате вратата,

артиклите може да паднат и да предизвикаат лична повреда и/или материјална штета.

Не ставајте предмети наполнети со вода одозгора на ладилникот.

-Ако се прелее, постои ризик од пожар или електричен удар.

Не оставајте деца да се нишаат на вратата. - Непридржувањето кон ова може да

предизвика сериозна лична повреда.

Не ги оставајте вратите од ладилникот отворени додека ладилникот е без надзор и не дозволувајте деца да влезат внатре во ладилникот.

-Постои ризик од заклучување на деца и сериозни лични повреди поради ниската температура.

Никогаш не ставајте прсти или други објекти во отворот од диспензерот.

-Непридржувањето кон ова може да предизвика

лична повреда или материјална штета.

Не чувајте испарливи или запалливи супстанци како бензен, разредувач, алкохол, етер или ЛП гас во ладилникот.

-Чување на било кој од овие производи може да предизвика експлозии.

безбедносни информации _3

DA99-02291Q.indb Sec2:3

2011.7.14 9:56:33 AM

Page 171
Image 171
Samsung RSH7UNBP1/XEO manual Знаци ЗА Претпазливост Внимание ПРИ Вградување