Прикачување на телевизорот со држачот
Проверете дали ја имате сета прикажана галантерија, а потоа составете го држачот следејќи ги понудените инструкции за составување.
Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот
Ова се општите инструкции. Samsung не ги испорачува прицврстувачите, завртките и жиците. Тие мора да се купат посебно. Ви препорачуваме да се консултирате со сервисер за инсталации или професионален инсталатер на телевизори за инсталација на специфичен хардвер и хардвер кој спречува паѓање.
1.Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно прицврстете ги завртките на телевизорот.
3.Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите
поставени на ѕидот со издржлива и цврста жица, потоа силно прицврстете ја жицата.
4.Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Проверувајте ги поврзувањата повремено заради можно разлабавување или неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.
Македонски