За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред целосно да се наполни.
•Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или догорчиња од цигари. Чувајте ја правосмукалката далеку од шпорети и други извори на топлина.
Топлината може да ги изобличи и обезбои пластичните делови на апаратот.
•Одбегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие може да ги оштетат деловите на апаратот.
Не газете го составот со цревото. Не ставајте тежина врз цревото.
Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор.
•Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им се заканува.
•Децата не смеат да играат со уредот.
Децата не смеат да го чистат уредот или да изведуваат корисничко одржување без надзор.
•Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.
•Извадете го адаптерот од штекер кога не се користи и пред да вршите поправки.
•Немојте да ја носите правосмукалката држејќи ја за цревото.
Користете ја рачката на куќиштето.