9.Одделете го склопникот што е во
БАТЕРИЈАТА ОД УРЕДОТ.
Подигнете ја БАТЕРИЈАТА ОД УРЕДОТ.
Правилно отстранување батериите на овој производ (Важи во земјите со системи за одделно враќање на батериите.)
Ознаката на батеријата, прирачникот или амбалажата покажува дека батеријата во овој производ не треба да се остранува заедно со другиот домашен отпад. Онаму каде што е означено, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа наведени во Директивата на ЕЗ бр. 2006/66.
Батеријата која е вградена во овој производ не може да се замени од страна на корисникот. За информации во врска со нејзината замена, обратете се во вашиот сервисен центар. Немојте да се обидувате да ја вадите батеријата или да ја отстраните во оган. Немојте да ја расклопувате, гмечите или прободувате батеријата. Ако имате намера да го фрлате производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе соодветните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.