ПРАВОСМУКАЛКА

Не собирајте тврди или остри предмети како што се стакло, клинци, завртки, парички итн.

Не употребувајте ја без ставен филтер.

При сервисирање на уредот, никогаш не ставајте прсти или други предмети во кабината на вентилаторот во случај уредот ненамерно да се вклучи.

Не ставајте никакви предмети во отворите.

Не употребувајте ја кога отворите се блокирани; погрижете се на отворите да нема прав, конци, влакна и сè што би можело да го намали протокот на воздух.

Не собирајте токсични материјали (средство за белење со хлор, амонијак, средство за одзатнување одводи итн.).

Не собирајте предмети кои горат или чадат, како што се цигари, кибрит или жежок пепел.

Не ја употребувајте за собирање запаливи течности или течности кои согоруваат како што е бензинот, ниту пак во области каде истите се присутни.

Правосмукалката не треба да се користи во затворен простор во кој има испарување од бои за лакување, разредувач, средства против молци, запалив прав, или други експлозивни или токсични испарувања.

Немојте да ги оштетувате или палите батериите бидејќи тие можат да експлодираат при високи температури.

македонски - 6

Page 114
Image 114
Samsung VC07H8150HQ/GE manual Правосмукалка