Немојте да го влечете или силно да го виткате кабелот. Немојте да го превиткувате или да го врзувате кабелот.

Немојте да го закачувате кабелот за струја преку метален предмет, да ставате тешки предмети врз него, да го приклештувате помеѓу предмети или да го пикате во просторот зад уредот.

-Тоа може да предизвика струен удар или пожар.

Немојте да го влечете кабелот кога го исклучувате уредот од струја.

-Извлечете го штекерот од држејќи го телото на штекерот.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Не поставувајте ги кабелот или цевките онаму каде што можете да се сопнете од нив.

ВНИМАНИЕ ЗНАЦИ ЗА ВНИМАНИЕ ПРИ ИНСТАЛАЦИЈА

Овој уред треба да се постави, така што штекерот ќе биде секојпат достапен.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар поради пропуштање на струјата.

Инсталирајте го уредот на рамен и тврд под кој може да ја носи неговата тежина.

-Доколку не постапите така, може да дојде до ненормални вибрации, движења или проблеми со производот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ

Ако дојде до поплавување на апаратот, веднаш прекинете го снабдувањето со струја и обратете се во најблискиот сервисен центар.

-Не допирајте го штекерот со водени раце

-Ако го правите тоа, се изложувате на струен удар

Ако од уредот се слушаат чудни звуци, се осети мирис на загорено или чад, веднаш извлечете го штекерот и обратете се во најблискиот сервисен центар.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Ако дојде до протекување на гас (на пример пропан, течен гас, итн.), веднаш проветрете, без да го допирате штекерот. Не допирајте ги уредот или кабелот.

-Не користете вентилатор за проветрување.

-Тоа може да предизвика експлозија или пожар.

Не оставајте ги децата да се играат во или на машината. Покрај тоа, кога го отстранувате уредот, демонтирајте ја рачката на вратата.

-Ако се заглават внатре, децата може да се задушат до смрт.

Уверете се дека сте ја отстраниле сета амбалажа (сунѓери, стиропор) од дното на машината, пред да почнете да ја користите.

безбедносни информации _7

WF0600NC-02801R_MK.indd 7

 

 

2010-6-29 15:30:20