Користење на вашата машина за перење

Со вашата нова Samsung машина за перење, најтешкиот дел ќе биде одлуката што да ставите при првото перење.

Информации за детергенти и адитиви

Користење на соодветниот детергент

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој "не пени" премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување.

Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се задржи и по циклусот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на машината или блокирање на истекот за претекување.

Користење на фиоката за детергент

Машината за перење има одделни прегради за детергент и омекнувач.

Додадете ги сите адитиви за перење во соодветните прегради пред вклучувањето на машината за перење.

ВНИМАНИЕ: Немојте да ја отворате фиоката за детергент додека работи машината. Може да се изложите на жешка вода или пареа.

Кога е избрана функцијата Delay End (одложено завршување), не ставајте детергент директно во барабанот. Во спротивно, може да дојде до избледување на боите на облеката. Користете ја фиоката за детергент кога е избрана функцијата Delay End (одложено завршување).

При перење на големи работи, не ги користете следните типови на детергент.

Детергент од тип на таблети и капсули

Детергенти кои користат топка и мрежа

Преграда за детергент за предперење: Детергент за предперење или штирак.

Преграда за детергент за главно перење: Детергент за главно перење, омекнувач на вода, средство за накиснување, белило и отстранувач на дамки.

Преградата за омекнувач: Омекнувач (не полнете над линијата MAX ).

Реалниот изглед на преградата за омекнувач може да се разликува во зависност од моделот.

КОРИСТЕЊЕ 03

Македонски - 19

Untitled-39 19

 

 

2017-03-22 ￿￿ 8:21:01