1.Извлечете ја фиоката за детергент во горниот лев агол на машината за

перење.

2. Додадете ја препорачаната количина на детергент во преградата за детергент за главно перење пред вклучувањето на машината за

перење.

За користење на течен детергент, користете ја чашката за течен детергент (погледнете во делот "Користење на течен детергент (одредени модели)" на страница 21).

Не додавајте детергент во прав во чашката за течен детергент.

3.Додадете ја препорачаната количина на омекнувач во преградата за омекнувач доколку е потребно.

Не надминувајте ја линијата MAX .

Концентрираните или густите омекнувачи треба да се разредат со малку вода пред да се додадат во преградата (на овој начин се оневозможува блокирање на одводот).

Омекнувачот се дистрибуира во машината за перење за време на последното плакнење.

ВНИМАНИЕ: Не додавајте течни детергенти или детергенти во прав во преградата за омекнувач .

4.При користење на функцијата предперење, додадете ја препорачаната

количина на детергент во преградата за детергент за предперење .

5. Турнете ја фиоката за детергент за да ја затворите.

Внимавајте омекнувачот да не се прелие откако ќе ја затворите фиоката за детергент и ќе додадете омекнувач во преградата за омекнувач.

Македонски - 20

Untitled-39 20

 

 

2017-03-22 ￿￿ 8:21:02