карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што размислувате за перењето. Почнувајќи од големиот капацитет па сè до енергетската ефикасност, Samsung машината за перење располага со сите особини кои ќе ви помогнат здодевната обврска да ја претворите во вистинско задоволство.

Систем за грижа за бебиња

Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна заштита на облеката за деца со чувствителна кожа.

Со овие програми се намалува воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент. Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што децата ќе се чувствуваат свежо и чисто при секое облекување на нивните алишта.

Функција за заклучување за деца

Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од машината за перење.

Оваа безбедносна функција ги спречува децата да си играат со машината за перење при нејзината работа и ве известува кога е активирана.

Сертификат за волна

Оваа машина за перење е тестирана и ги исполни потребните спецификации на компанијата Woolmark во однос на производите од волна кои можат да се перат во машина.

Алиштата треба да се перат во согласност со инструкциите на ознаката и според препораките на Woolmark и Samsung.

Одложено завршување

Одложете го циклусот до 19 часа со чекор од по еден час и зголемете ја практичноста на користењето на машината особено во ситуации кога мора да излезете.

Брзо перење

Нема време за губење! Перењето кое нема да ви одземе ни 30 минути ќе ви овозможи да излезете пред да биде многу доцна.

Нашиот програм за брзо перење од 29 минути може да биде решение за вашиот презафатен начин на живеење. Отсега ќе можете да ги исперете омилените алишта за само 29 минути!

Програми за деликатни алишта и рачно перење

Специјалната грижа може да се постигне со помош на соодветна температура, нежно движење при перењето и соодветна количина вода.

Керамички грејач за трајност и заштеда на енергија(одредени модели)

Нашиот иновативен керамички грејач трае двапати подолго од стандардните грејачи. Со тоа ќе заштедите пари на поправките. Плус, се елиминира бигорот кај тврдата вода и се заштедува енергија.

2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

WF9702N3-02763D_MK.indd 2

 

 

2009-11-11 9:56:54