безбедносни информации

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СЕРИОЗНИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ИНСТАЛАЦИЈА

Инсталацијата на овој уред мора да ја изведува квалификуван техничар или компанија за сервисирање.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреда.

Овој уред е тежок, внимавајте кога го дигате.

Вметнете го кабелот за струја во приклучна кутија со АС 220V/50Hz/15A или повеќе и користете ја приклучната кутија само за овој уред. Покрај ова, никако не употребувајте кабел за продолжување.

-Заедничкото користење на приклучокот за струја со други уреди со помош на разделници или продолжувањето на кабелот за струја можат да доведат до струен удар или до пожар.

-Уверете се дека напонот, Фреквенцијата и струјата се исти како што е предвидено во спецификациите на производот. Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар. Цврсто вметнете го штекерот во приклучокот за струја.

Со сува крпа редовно отстранувајте ги сите страни материи, како што се прав или вода, од терминалите на штекерот.

-Извлечете го штекерот и избришете го со сува крпа.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Вметнете го штекерот во приклучокот за струја на ѕидот со правилна насока, така што кабелот ќе се движи кон подот.

-Ако го вметнете штекерот во обратна насока, електричните жици во кабелот може да се оштетат, поради што може да дојде до струен удар или пожар.

Чувајте ги деловите од амбалажата надвор од дофат на деца, бидејќи тие можат да бидат опасни за нив.

-Ако дете ја стави кесата преку глава, може лесно да се задуши.

Ако дојде до оштетување на апаратот, штекерот или кабелот за струја, обратете се во најблискиот сервисен центар.

Уредот мора да биде прописно заземјен.

Не заземјувајте го уредот на цевка за гас, пластична цевка за вода или телефонски вод.

-Ова може да предизвика струен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

-Никогаш не вклучувајте го кабелот за струја ако тој не е правилно заземјен и уверете се дека тоа е во согласност со локалните и државните прописи.

Не инсталирајте го уредот во близина на греалка или запалив материјал.

Не инсталирајте го уредот на влажно, масно или правливо место, или на место каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина и вода (дожд).

Не инсталирајте го уредот на места со ниска температура.

-мразот може да предизвика пукање на цевките.

Не инсталирајте го уредот на места каде што може да дојде до протекување на гас.

-Тоа може да предизвика струен удар или пожар.

Не користете претворач на струја.

-Тоа може да предизвика струен удар или пожар.

Не употребувајте оштетен штекер, оштетен кабел или лабав приклучок за струја.

-Тоа може да предизвика струен удар или пожар.

6_ безбедносни информации

WF9702N3-02763D_MK.indd 6

2009-11-11 9:56:56

Page 86
Image 86
Samsung WF9702N3C/YLE manual Безбедносни информации