ВНИМАНИЕ ЗНАЦИ ЗА ВНИМАНИЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ

Кога уредот е загаден со некаква страна супстанца, како на пример детергент, нечистотија, остатоци од храна, итн., извлечете го штекерот и исчистете го со влажна, мека крпа.

-Доколку не постапите така, може да дојде до промена на бојата, деформации, оштетување или ‘рѓосување.

Предното стакло може да се скрши при силен удар. Бидете внимателни при користење на машината.

-Скршеното стакло би можело да предизвика повреда.

По прекин во снабдувањето со вода или при повторно поврзување на цревото за довод на вода, полека отворајте ја славината.

Отворајте ја славината полека и ако подолго време не сте ја користеле машината.

-Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во водоводната цевка може да предизвика оштетување на некој дел или протекување на водата.

Доколку во текот на работата дојде до грешка во испуштањето, .проверете да нема проблем ви испустот.

-Ако ја користите машината кога е преплавена поради проблем во испуштањето, се изложувате на струен удар или пожар поради пропуштање на струјата.

Убаво напикајте ги алиштата во машината за да не се случи да ги потфатите со вратата.

-Ако ги фатите алиштата со вратата, тоа може да предизвика оштетување или на алиштата или на машината или пак да доведе до протекување на водата.

Проверете дали славината е затворена кога не ја користите.

-Уверете се дека шрафот на спојката на цревото за довод на вода е цврсто затегната.

-Доколку не е, постои опасност од материјална штета или повреда.

Проверете во гумата на вратата да не се заглавиле страни тела (отпад, конци, итн.).

-Ако вратата не е добро затворена, тоа би можело да предизвика протекување на водата.

Пред првото користење отворете ја славината и проверете дали спојката на цревото за довод на вода е добро прицврстено и дали тече од некаде.

-Ако шрафовите или спојката на цревото за довод на вода се лабави, тоа би можело да предизвика протекување на водата.

Како да ја намалите опасноста експлозија:

-Под некои услови, во системите со топла вода, како на пример Вашиот бојлер, ако не сте го користеле две недели или повеќе, може да дојде до создавање на водород. ВОДОРОДОТ Е ЕКСПЛОЗИВЕН. Ако Вашиот систем за топла вода не е користен две недели или повеќе, отворете ги сите славини за топла вода во домот и оставете ја водата да тече неколку минути пред да почнете да ја користите машината. На тој начин ќе го ослободите евентуално создадениот водород. Бидејќи водородот е запалив, не пушете и не палете отворен оган додека го правите тоа. Ако дојде до протекување на гасот, веднаш проветрете без да го допирате штекерот за струја.

Не качувајте се врз уредот и не ставајте предмети врз него (алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.).

-Ова може да предизвика струен удар, пожар, проблеми со производот или повреда.

Не прскајте испарливи материи, како инсектициди, на површината на уредот.

-Покрај тоа што е штетно за луѓето, тоа може да предизвика и струен удар, пожар или проблеми со производот.

WF9702N3-02763D_MK.indd 9

безбедносни информации _9

2009-11-11 9:56:56

Page 89
Image 89
Samsung WF9702N3C/YLE manual Внимание Знаци ЗА Внимание ПРИ Користење