Одржување
Мини турбо четка
Менување на четката
1.Отстранете ја алатката од цревото и свртете ја наопаку. Лизгајте го копчето во отворена позиција и отстранете ја долната плоча.
2.Одвртете ја едната завртка и извадете ја заштитата на ременот.
3.Отстранете ја четката заедно со плочите од краевите и тргнете ја.
4.Проверете го ременот за да се осигурате дека е во добра состојба. Доколку е прекинат или пукнат, Ве молиме заменете го. (Погледнете понатаму за детали)
5.Завртете ги закривените краеви надолу и лизгајте ги крајните плочи од четката во каналот на алатката.
6.За да ги замените долните плочи, внесете ги четирите јазичиња од работ на плочата во каналите на предниот дел од алатката. Свртете ја долната плоча и цврсто поставете ја.
Менување на ременот
1. Зграпчете ја турбината и за да ја отстраните цврсто повлечете ја.
2.Извадете ја завртката и кренете го капакот на ременот.
3.Отстранете го ременот од чекрекот на турбината.
4.Насочувајќи ги надолу рамните страни од држачите на турбината, лизгајте ги држачите во вдлабнатините на куќиштето од алатката и поставете ги на место.
5.Поставете ги назад четката и долната плоча.
Чистење на четката
•Со помош на ножици исечете ги влакната и конците околу четката.
03 Одржување
Одржување _13