инсталирање на машината за перење
ПОВРЗУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД НА ВОДА (ОПЦИЈА)
1. Отстранете го адаптерот од цревото за довод на вода.
2. Прво, со помош на ‘+’ шрафцигер, ослободете ги четирите завртки од адаптерот. Потоа, држејќи го адаптерот завртете го делот (b) во насока на стрелката додека процепот не биде 5mm.
3.Поврзете ги адаптерот и славината со цврсто стегнување на завртките.
Потоа, вртете го делот (b) во насока на стрелката додека не се спојат деловите (a) и (b).
a
b
4. Поврзете го цревото за довод на вода со адаптерот. Повлечете го делот (c) од цревото за довод на вода. Кога ќе го ослободите делот (c) цревото автоматски ќе се поврзе со адаптерот и ќе се слушне звук - ‘клик’.
c
5.Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода
на отворот на вентилот за вода на горната страна од машината. Завртете го цревото надесно до крај.
• Ако славината има приклучок со навртување, поврзете го цревото за довод на вода со славината како што е прикажано.
Откако ќе завршите со поврзувањето, доколку тече вода од цревото, повторете ги истите чекори. Употребувајте вообичаен тип на славина за довод на вода. Доколку славината е четириаголна или премногу голема, отстранете го прстенот за прилагодување пред да ја вметнете славината во адаптерот.
8_ инсталирање на машината за перење