Држете ги децата на безбедно растојание кога рерната се користи.
Замрзнатата храна како пиците мора да се готви на големата решетка. Доколку се користи садот за печење, тој може да се деформира заради големите температурни промени.
Немојте да истурате вода на дното на рерната кога тоа е жешко. Ова може да предизвика оштетување на емајлираната подлога.
Вратата на рерната мора да биде затворена за време на готвењето.
Не поставувајте садови за печење или тави на дното на рерната и не прекривајте го со алуминиумска фолија. Алуминиумската фолија ја блокира топлината, што може да предизвика оштетување на емајлираната површина и лоши резултати при готвењето.
Овошните сокови оставаат дамки на површината од емајл, кои потоа може да станат неизбришливи. При готвењето на торти со многу влага, користете ја длабоката тава.
Не оставајте ги садовите за печење на отворената врата од рерната.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Не дозволувајте им на децата да се приближуваат до вратата кога ја отворате или затворате, бидејќи може да се удрат во неа или да им ги стиснете нивните прсти со вратата.
Немојте да газите, да се навалувате, да седнувате или да ставате тешки предмети на вратата.
Не отворајте ја вратата со поголема сила од потребната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не исклучувајте го уредот од напојувањето дури и откако процесот на готвење ќе биде завршен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оставајте ја вратата отворена додека готвите во рерната.
ЗАМЕНА НА СВЕТИЛКАТА
Опасност од електричен удар! Пред да замените некоја светилка во рерната, направете ги следните чекори:
•Исклучете ја рерната.
•Исклучете ја рерната од напојувањето.
•Заштитете ја светилката во рерната и стакленото капаче поставувајќи крпа на дното на рерната.
•Светилките можете да ги купите во SAMSUNG сервисниот центар.
Македонски - 6