ВАДЕЊЕ НА ВРАТАТА
При нормално користење, вратата на рерната не смее да се вади, но доколку вадењето е неопходно, на пример заради чистење, придржувајте се до следните инструкции.
ВНИМАНИЕ: Вратата од рерната е тешка.
2
70
1
1.Отворете ја вратата и со повлекување целосно отворете ги спојните елементи кај двете шарки.
2.Затворете ја вратата за околу 70°. Со двете раце, фатете ја странично вратата на средината и повлечете ја со подигнување, сè додека шарките целосно не излезат.
3.Откако ќе завршите со чистењето, повторете ги чекорите 1 и 2 во обратен редослед за да ја прикачите вратата. Жлебот на шарката треба да влезе на место и на двете страни.
ВАДЕЊЕ НА СТАКЛОТО НА ВРАТАТА
Вратата на рерната има 3 стаклени плочи кои се поставени паралелно една на друга. Плочите можат да се извадат при чистењето.
1.Притиснете ги двете копчиња на левата и десната страна на вратата.
2.Одвојте ја плочата и извадете го стаклото 1 од вратата.
3.Подигнете го стаклото
2 и исчистете ги плочите со топла вода или течно средство за чистење и пребришете ги со сува чиста крпа.
Стаклото на вратата се разликува од 2 EA до 4 EA во зависност од моделот. Но начинот на демонтирање и монтирање е ист.
При монтажата на внатрешното стакло 1, поставете го отпечатеното во насока надолу.
Македонски - 8