Забелешки за чистењето со пареа
•Внимавајте при отворањето на вратата пред крајот на постапката за чистење со пареа; водата
на дното е жешка.
•Отворете ја вратата од рерната и отстранете ја заостанатата вода со сунѓер.
•Никогаш не оставајте заостанатата вода да стои подолго време во рерната, на пример, преку
ноќта.
•Исчистете ја внатрешноста на рерната со сунѓер и детергент или мека четка. Тврдокорните
нечистотии може да се отстранат со пластична жица за чистење.
•Наслагите од бигор можат да се отстранат со крпа натопена со оцет.
•Користете мека крпа и чиста вода за чистење на внатрешноста. Не заборавајте да избришете
под бравата од вратата на рерната.
•Доколку рерната е многу нечиста, повторете ја постапката откако таа ќе се излади.
•Доколку рерната е многу извалкана со масни наслаги, како на пример, по печење на скара,
пред да ја вклучите функцијата за чистење препорачливо е да ги истриете со детергент тврдокорните нечистотии.
•Оставете ја вратата од рерната подотворена под агол од 15° по чистењето, за да може
емајлираната површина на внатрешноста целосно да се исуши.
БРЗО СУШЕЊЕ
1.Оставете ја вратата од рерната подотворена на приближно 30°.
2.Поставете го вртливото копче за ракување на единечен режим.
3.Притиснете го копчето за функција.
4.Изберете конвекција со вртливото копче за избирање.
5.Поставете време на готвење на околу 5 минути и температура од 50 °C.
6.Откако ќе измине времето исклучете ја рерната.
ПОВРШИНА ОД КАТАЛИТИЧКИ ЕМАЈЛ (ИЗБОРНО)
Отстранливата површина на куќиштето е прекриена со
1.Извадете ги сите додатоци од внатрешноста на рерната.
2.Чистете ги сите внатрешни површини на рерната како што е опишано во делот за рачно чистење.
3.Поставете ја рерната на горно и долно греење.
4.Поставете ја јачината на 250 °C.
5.Вклучете ја рерната околу 1 час. Времетраењето зависи од степенот на валканост. Преостанатите маснотии постепено ќе исчезнуваат со секое наредно користење на рерната со висока температура.
РАЧНО ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ: РЕРНАТА И ДОДАТОЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ИЗЛАДАТ ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ЧИСТЕЊЕТО
Внатрешност на рерната
•За чистење на внатрешноста на рерната, употребете чиста крпа и нежно средство за чистење или топла сапуница.
•Немојте рачно да ја чистите бравата на вратата.
•Немојте да користите сунѓери за чистење.
•За да се избегне оштетување на емајлираните површини на рерната, користете соодветни средства за чистење.
•За отстранување на тврдокорните нечистотии, користете специјални средства за чистење на
рерни.
Не користете абразивни средства за чистење, тврди четки, парчиња груба ткаенина, метална жица, ножеви или други абразивни материјали.
Македонски - 23
07 ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
�� 5:21:19