Сад за капење (изборно)
(Длабокиот) сад за капење е погоден при печење. Тој може да се користи во комбинација со малата решетка за спречување на капењето на течностите на дното од рерната.
Сад за печење (изборно)
Садот (рамен) за печење може да се употребува за подготвување на торти, колачи и други видови на слатки.
Ражен за скара (изборно)
Раженот за скара може да се користи за печење на живина како кокошки. Раженот за скара може да се користи само во единечен режим во отворот за решетка 3, бидејќи раженот мора да се прикачи на адаптерот на задната страна. Отстранете ја црната рачка додека готвите.
Прибор за ражен и набодување (изборно) За да го употребите:
•Ставете ја длабоката тава (не триножник) на ниво 1 за да го собирате сокот од готвењето, или на дното од рерната доколку парчето месо кое го печете е големо.
•Ставете една од виљушките на раженот; ставете го месото за печење на раженот;
•Околу работ на длабоката тава може да се постави подварен варен компир и зеленчук, за истовремено печење.
•Поставете ја рамката на средната полица при што обликот “v” ќе биде завртен кон вас.
•За полесно вметнување на раженот, можете да ја зашрафите рачката на тапиот дел.
•Ставете го раженот на рамката со шилестиот крај кон задната страна и нежно турнете додека врвот од раженот влезе во механизмот за вртење на задната страна од рерната. Тапиот крај од раженот треба да лежи на делот со “v” облик. (Раженот има 2 дршки кои треба да се блиску до вратата од рерната за да спречат раженот да се придвижи нанапред, со тоа што тие служат и за прицврстување на рачката.)
•Пред готвењето одвртете ја рачката. По готвењето повторно завртете ја рачката за полесно да го извадите раженот од рамката.
Телескопски шини со лизгачи (изборно)
•За вметнување на решетка или тава за печење, прво извлечете ги телескопските шини за соодветното ниво.
•Поставете ги садот или тавата на шините и целосно турнете ги во рерната.
Вратата од рерната затворете ја единствено откако ќе ги турнете телескопските шини во рерната
Македонски - 12