Гаранција и сервис

MK Најчесто поставувани прашања и отстранување на проблеми

Може да дојде до посериозно оштетување како резултат на помали дефекти, кои самите можете да ги поправите со помош на следните упатства. Не вршете понатамошни поправки доколку следните упатства не ви помогнат во вашиот случај.

Предупредување: Поправката на уредот треба да се изврши од страна на квалификуван сервисер. Нестручно изведената поправка претставува ризик за корисникот на уредот. Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се до сервисниот центар.

Што да направам доколку не функционираат зоните за готвење?

Проверете дали:

Осигурувачот од напојувањето (во кутијата за осигурувачи) е исправен. Ако осигурувачот избива неколку пати, повикајте овластен електричар.

Уредот е соодветно вклучен.

Контролните индикатори на контролната плоча светат.

Зоната за готвење е вклучена.

Зоните за готвење се поставени на соодветното ниво на јачина.

Што да направам доколку зоните за готвење не може да се вклучат?

Проверете дали:

Поминува време подолго од 10 секунди од притиснувањето на копчето за вклучување/исклучување до вклучувањето на површината за готвење (погледнете го делот “Вклучување на уредот”).

Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.

Што да направам ако екранот одеднаш исчезне и остане само индикаторот за преостанатата топлина ?

Ова може да се случи заради две причини:

Сензорот за вклучување/исклучување случајно е активиран.

Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.

Што да направам ако по исклучувањето на зоните за готвење, индикаторот за преостанатата топлина не се прикажува на екранот?

Проверете дали:

Зоната за готвење сте ја употребиле многу кратко време и заради тоа не се загреала доволно. Доколку зоната за готвење е загреана, ве молиме повикајте го сервисниот центар.

Што да направам ако зоната за готвење не може да се вклучи или исклучи?

Ова може да се случи заради две причини:

Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.

Безбедносното заклучување за деца е активирано.

Што да направам доколку eкранот е осветлен?

Проверете дали:

Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност. За да продолжите, притиснете го контролниот сензор за “вклучување/исклучување”.

26

C21RJAN_BOL_DG68-00139A-06_BG+HR+MK+RO+SR+SL+EN.indb 26

2016-12-02 ￿￿ 4:56:03

Page 90
Image 90
Samsung C21RJAN/BOL manual Гаранција и сервис, MK Најчесто поставувани прашања и отстранување на проблеми