Samsung C21RJAN/BOL manual MK Тајмер, Поставување на функцијата за безбедносно исклучување

Models: C21RJAN/BOL

1 224
Download 224 pages 54.58 Kb
Page 86
Image 86

Употреба на плотната (продолжение)

MK Тајмер

Тајмерот може да го употребувате на два начини:

Употреба на тајмерот за безбедносно исклучување

Ако е поставено одредено време за зоната за готвење, таа ќе се исклучи откако ќе истече ова време. Оваа функција може да се употребува за повеќе зони за готвење истовремено.

Употреба на тајмерот за одбројување

Тајмерот за одбројување не може да се употребува доколку е вклучена некоја од зоните за готвење.

Поставување на функцијата за безбедносно исклучување

За да ја активирате оваа функција за одредена зона за готвење, зоната треба да биде вклучена.

1.Со употреба на контролниот сензор за тајмерот , изберете ја зоната за готвење за која сакате да ја поставите функцијата за безбедносно исклучување.

Откако ќе биде избрана првата активна зона за готвење, со допирање на контролниот сензор за тајмерот соодветниот индикатор ќе почне полека да трепка.

ќе се појави на екранот за тајмерот.

Следната активна зона за готвење се избира со повторно допирање на контролниот сензор за тајмерот .

2.Употребете ги контролните сензори за тајмерот или за да го поставите соодветното време, на пример, 15 минути, по кое зоната за готвење автоматски ќе се исклучи.

Функцијата за безбедносно исклучување ќе се активира.

22

C21RJAN_BOL_DG68-00139A-06_BG+HR+MK+RO+SR+SL+EN.indb 22

2016-12-02 ￿￿ 4:56:03

Page 86
Image 86
Samsung C21RJAN/BOL manual MK Тајмер, Поставување на функцијата за безбедносно исклучување