Инсталирање на плотната

MK

Важно: Новиот уредот треба да се инсталира и да биде заземјен единствено од

страна на квалификуван персонал.

Ве молиме придржувајте се до овој совет. Гаранцијата нема да ги покрива оштетувањата кои може да настанат заради неправилна инсталација.

Техничките податоци се дадени на крајот од ова упатство.

Безбедносни инструкции за лицето што ќе ја врши инсталацијата

Во поглед на заштитата од пожар, овој уред е во согласност со EN 60 335 - 2 - 6. Овој тип на уред може да се инсталира со присуство на висок орман или ѕид на едната страна.

Под плотната не смеат да се поставуваат фиоки.

Инсталацијата мора да гарантира заштита од струен удар.

Елементот за кујна во кој ќе се смести уредот мора да ги задоволува барањата за стабилност од DIN 68930.

Заради заштита од влага, сите исечени површини треба да се залепат со соодветно средство.

На работните површини со плочки, отворите на рабовите околу плотната мора да бидат исполнети со специјално средство.

Кај работните плочи од природен и вештачки камен или керамика, пружините за вградување мора да се прицврстат со соодветен кит или мешано лепило.

Средството за пополнување на рабовите од работната површина треба да биде исправно поставено и не треба да има отвори. Не смее да се додава дополнително силиконско средство; ова би го отежнало вадењето доколку уредот треба да се поправа.

При вадењето, плотната мора да се турне од долната страна.

Поврзување со напојувањето

Пред поврзувањето, проверете дали номиналниот напон на уредот, т.е. напонот наведен на плочката со податоци, одговара на напонот на напојувањето. Плочката со податоци е поставена на долниот дел од куќиштето на плотната.

Напонот на грејниот елемент е AC230 V~. Овој уред е опремен со кабел кој вклучува жица за заземјување со соодветен приклучок за заземјување. Приклучокот мора да се поврзе на ѕиден штекер кој е правилно инсталиран и заземјен.

Откако плотната ќе биде поврзана со напојувањето, проверете дали сите зони се подготвени за користење, накусо вклучувајќи ги со максимална јачина.

Кога плотната ќе се вклучи првпат, сите екрани засветуваат и се активира безбедносното заклучување за деца.

10

C21RJAN_BOL_DG68-00139A-06_BG+HR+MK+RO+SR+SL+EN.indb 10

2016-12-02 ￿￿ 4:55:59

Page 74
Image 74
Samsung C21RJAN/BOL manual Инсталирање на плотната, Поврзување со напојувањето, Страна на квалификуван персонал