готвење Паметно

Ракување

Практичност

Светилка на рерната

Светилката на рерната се вклучува автоматски кога рерната ќе почне да работи.

За да ја вклучите светилката на рерната без да ги активирате функциите на рерната, едноставно свртете го копчето за избор на режим на .

ЗАБЕЛЕШКА

Вентилаторот за ладење се вклучува автоматски кога ќе ја изберете светилката на рерната.

Функција за заклучување за деца

За спречување на несреќи, функцијата за заклучување за деца ги оневозможува сите контроли. Функцијата Заклучување за деца е достапна само кога е избрана опцијата Исклучено или режимот Светилка на рерната.

Задржете ги копчињата и истовремено во период од 3 секунди за да ја активирате или задржете ги повторно во период од 3 секунди за да ја деактивирате функцијата за заклучување на контролната плоча.

ЗАБЕЛЕШКА

Кога ќе ја активирате функцијата за заклучување за деца, на екранот се прикажува “L”.

Тајмер

Тајмерот ви помага да го проверите времето или времетраењето на готвењето.

1.Притиснете .

2.Притиснете ги копчињата / за да го

поставите времето, а потоа притиснете . Максимална вредност што можете да ја изберете за времето е 23 часа и 59 минути.

ЗАБЕЛЕШКА

Доколку сакате да го откажете тајмерот, притиснете , а потоа поставете го времето на 0:00.

14  Македонски

Паметно готвење

Рачно готвење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за акриламидот

Акриламидот кој се создава при печење храна која содржи скроб, како што е чипс, помфрит и леб, може да предизвика здравствени проблеми. Се препорачува оваа храна да се готви на ниска температура и да не се препекува, препржува или гори.

ЗАБЕЛЕШКА

Загревањето се препорачува за сите режими за готвење, освен доколку не е поинаку назначено во водичот за готвење.

При користење на Економичен грејач, ставете ја храната во центарот на дополнителната решетка.

Совети за додатоците

Вашата рерна се испорачува со голем број различни додатоци. Можно е да ви недостасуваат некои од додатоците наведени во табелата подолу. Меѓутоа, дури и ако не ви се испорачани сите додатоци наведени во овој водич за готвење, можете да ги искористите тие што веќе ги имате и да ги добиете истите резултати.

Садот за печење и универзалниот сад може да се користат наизменично.

Кога готвите храна со масло, препорачливо е да ставите друг сад под решетката за печење во кој ќе се собира вишокот масло. Доколку ви е испорачан додатокот за решетката за печење, можете да го користите во комбинација со решетката за печење.

Доколку ви е испорачан универзалниот сад или длабокиот сад или, пак, и двата, за готвење храна со масло е подобро да го користите садот кој е подлабок.

NV70K1340BS_OL_DG68-00764A-01_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 14

 

 

2016-12-12 ￿￿ 6:54:27