( 1 ) Отвор за мраз

Не ставајте прсти, раце или било

какви други објекти во отворот за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ мраз или кофата за мраз. Ова може

да предизвика лична повреда или материјална штета.

( 2 ) Полици

Може да се користат за чување на сите видови смрзната храна.

( 3 ) Корпи на вратата

Може да се користат за мали пакувања смрзната храна.

( 4 ) Фиоки

Најдобро се користат за чување месо или сува храна. Чуваната храна треба да се витка цврсто користејќи фолија или други соодветни материјали за пакување или садови.

( 5 ) Корпа за млечни производи

Може да се користи за чување помали млечни производи како путер или маргарин, јогурт, или парчиња крем-сирење.

( 6 ) Полици

Дизајнирани да бидат отпорни на пукање. Може да се користат за чување на сите видови храна и пијалоци. Кружни знаци на површината на стаклото се нормален феномен и обично може да се избришат со влажна крпа.

( 7 ) Сад за јајца

Најдобро место за чување на јајца. Поставете го садот за јајца на полица за лесна достапност.

( 8 ) Станица за пијалоци (опционално)

Може да се користи за чување на често користени артикли, како конзервирани пијалоци и закуски, и дозволува пристап до нив без отворање на вратата од ладилникот.

( 9 ) Подвижна полица (Опционално)

Дизајнирана да се движи лесно заедно со храната. Може да се користи за чување на сите видови храна и пијалоци кои често се разместуваат.

( 10 ) Фиока за овошје и зеленчук

Се користи за зачувување на свежината на зеленчукот и овошјето. Специјално е дизајнирана за контрола на нивото на влажност во фиоката.

( 11 ) Корпи на вратата

Дизајнирани да држат големи, обемни артикли како млеко или други големи шишиња и садови.

( 12 ) Кофа за мраз

Дизајнирана лесно да собере многу мраз.

Не ставајте прсти, раце или било

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ какви други објекти во отворот за мраз или кофата за мраз. Ова може

да предизвика лична повреда или материјална штета.

УПОТРЕБА 02

Македонски - 29

DA68-02710M-06.indb 29

2014. 1. 24. ￿￿ 10:07