Не користете абразивни или јаки средства за чистење како спрејови за прозорци, средства за чистење тврдокорни дамки, запаливи течности, солна киселина, восоци за чистење, концентрирани детергенти, белила или средства за чистење што содржат производи од петролеум врз надворешните површини (вратите и кујнскиот елемент), пластичните делови, вратата и внатрешните површини и гумите за заптивање.

- Тие можат да го изгребат или оштетат материјалот.

Не ги чистете стаклените полици или капаци со топла вода кога тие се ладни. Стаклените полици и капаци може да се скршат ако се изложат на ненадејни промени на температурата или удари, како на пример, потчукнување или испуштање предмети врз нив.

информации Безбедносни

Важни предупредувачки симболи при отстранување во отпад

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Отстранете го материјалот од амбалажата за овој производ на еколошки начин.

Пред да го отстраните фрижидерот во отпад, проверете дали се оштетени цевките на задната страна.

Како разладно средство се користат R-600a или R-134a. Проверете ја етикетата на задниот дел од уредот или етикетата со ознаката на типот во внатрешноста на фрижидерот за да видите кое разладно средство се користи во вашиот фрижидер. Ако овој фрижидер содржи запалив гас (разладно средство R-600a), информирајте се кај локалните органи за начинот на отстранување на овој производ.

Македонски  21

Untitled-6 21

 

 

2018-01-09 ￿￿ 2:06:40