Операции

ОПОМЕНА

Погрижете се резервоарот за вода да може да биде поставен на полицата. Во спротивно, резервоарот за вода може да не работи правилно.

Не користете го фрижидерот без да го вметнете резервоарот за вода. Ова може да ја намали функцијата за ладење.

Наполнете го резервоарот само со вода за пиење како на пример минерална или прочистена вода. Не користтете други течности.

Внимателно поместувајте го наполнетиот резервоар. Може да дојде до физичка повреда ако го испуштите резервоарот.

Не обидувајте се да ја демонтирате внатрешната пумпа. Ако ја оштетите внатрешната пумпа или ја исклучите од резервоарот за вода, диспензерот нема да работи.

За прва употреба

Повлечете ја рачката на диспензерот во траење од 10 секунди за да се емитира воздух од цревата за системот за довод на вода.

Фрлете ги првите шест чаши вода за да ги отстраните нечистотиите во системот за довод на вода.

За да добиете вода

Ставете чаша под истекот за вода и нежно турнете ја рачката на диспензерот за вода со чашата.

ОПОМЕНА

Проверете дали чашата е паралелна со диспензерот за да се спречи истекување на водата.

Ако не го користите диспензерот за вода за 2-3 дена, добиената вода може да има чуден мирис и вкус. Ова не значи дека системот е дефектен. Фрлете ги првите 1-2 чаши вода.

Операции

44  Македонски

Untitled-6 44

 

 

2018-01-09 ￿￿ 2:06:45