Почетно поставување

При првото вклучување на телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат серија на прозорци за потврда на екранот. Притиснете го копчето POWERP. Постав. е достапно само кога изворот е поставен на ТВ.

1.Јазик на мени: Избирање на јазик на мени

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето ENTERE. Изберете го саканиот јазик на OSD (приказ на екранот).

2.Кор. го режимот: Избирање на функцијата Зачувај демо или Дом. упот.

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето ENTERE. Изберете го режимот Дом. упот.. Зачувај демо режимот е наменет за продавници.

Кога ќе го притиснете контролното копче на телевизорот, ќе се појави екранот со менито за функции. Изберете Мени(m) и притиснете повеќе од 5 секунди, користејќи го контролното копче. Режимот Зачувај демо ќе биде поставен.

Откажете го режимот Зачувај демо со избирање на функцијата Извор() и притиснување на неа подолго од 5 секунди.

Зачувај демо е наменет за прикажување во продавници. Ако го изберете, некои функции нема да можат да се користат. Изберете го режимот Дом. упот. за гледање во домот.

3.Земја (во зависност од земјата): Избирање на земја

Притиснете го копчето ▲ или ▼, а потоа притиснете го копчето ENTERE. Изберете ја соодветната земја.

Откако ќе изберете земја во менито Земја, кај некои модели може да се појави дополнителна опција за поставување на PIN број.

4.Авто. преб. канали (чекор 1): Можност за избор на начинот на гледање телевизија

Ајде да ги пронајдеме и зачуваме каналите на Вашиот ТВ (Телевизор).Дали е потребно пребарување на канали?

Да, потребно е.: зачувување на сите достапни канали при користење на RF кабел.

Не, не е потребно.: За пронаоѓање канали не мора да ја користите функцијата Авто. преб. канали.

5.Авто. преб. канали (чекор 2): Избирање на опции за пребарување

Изберете го саканиот сигнал кој се емитува и изворот на антена. Притиснете го копчето ▲/▼/◄/►, а потоа притиснете го копчето ENTERE.

Ако изворот на антена го поставите на Кабел, ќе следи чекор кој ќе ви овозможи да доделите нумерички вредности (фреквенции на каналите) на каналите. За повеќе информации, погледнете во Канал Авто. преб. канали.

Притиснете го копчето ENTERE во кој било момент за да го прекинете процесот на меморирање. Во e-Manualпогледнете го поглавјето “Одново пребарување на канали > Авто. преб. канали

6.Часовн.: Поставување на Реж. на час.Авто.: Автоматско поставување на тековното време.Рачен: Овозможува рачно поставување на тековниот датум и време.7.Врем. зона (во зависност од земјата): Поставување на вашата временска зонаОвој чекор е достапен само кога режимот на часовник е поставен на Авто..Авто.: Автоматско поставување на временската зона.Рачен: Рачно поставување на временската зона.

Доколку изберете Рачен, може да изберете дали функцијата DST (летно сметање на времето) ќе ја поставите на Вкл или Иск. (во зависност од земјата)

8.Поставувањето е завршеноПритиснете го копчето ENTERE.Ќе се прикажат потврдените поставувања.Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција...

Изберете Систем - Постав. (почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададениот PIN број е “0-0-0- 0”. Ако сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата Измени PIN.

Потребно е повторно да ја активирате функцијата Постав. (MENU Систем) во домот, иако веќе била активирана во продавницата.

Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата од далечинскиот управувач по следниот редослед во режим на подготвеност, по што PIN кодот ќе се ресетира на “0-0-0-0” : MUTE → 8 → 2 → 4 → POWER (вклучување).

Македонски

Македонски - 5