Решавање на проблеми

Ако имате проблем со телевизорот, најпрво прочитајте ја оваа листа на можни проблеми и решенија. Ако не можете да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www.samsung.

com” а потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за кориснички услуги на Samsung.

Проблеми Телевизорот не сака да се вклучи.

Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.

Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.

Обидете се да го притиснете копчето POWER на телевизорот за да проверите дали далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Remote control does not work” подолу.

Проблеми Нема слика/видео сигнал.

Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди).

Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/Set top box приемник, DVD плеер, Blu-ray итн.) да одговара на поврзувањето со влезот на телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е

HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.

Проверете дали надворешните уреди се вклучени.

Проверете дали сте го избрале соодветниот извор на телевизорот со притиснување на копчето SOURCE на далечинскиот управувач на телевизорот.

Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување на кабелот за напојување на уредот.

Проблеми Далечинскиот управувач не функционира.

Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната насока на поларитетот (+/–).

Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.

Обидете се да го насочите далеч. директно кон ТВ од 150-180 см оддалеченост.

Проблеми Далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник не го вклучува и исклучува телевизорот и не ја прилагодува јачината на звукот.

Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/set top box приемник да функционира со телевизорот.

Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/сателитскиот уред и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба преку надградба со најновиот фирмвер на интернет страницата (www.samsung.com → Support (Поддршка) → Downloads (Преземања)) преку USB.

Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите на уредот.

Македонски - 10

Page 82
Image 82
Samsung UE32EH4003WXXH manual Решавање на проблеми