Користење на “CI или CI+ картичка”

За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI

или CI+ картичка”.

-- Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.

-- По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”,

Host ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на услугата.

-- По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.

ЗАБЕЛЕШКА

-- “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.

-- При отстранување на “CI или CI+ картичката” влечете внимателно, бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.

-- Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.

-- Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да биде различна во зависност од моделот.

-- “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони, па затоа консултирајте се со вашиот овластен дистрибутер.

-- Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.

-- Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.

Поврзување на мрежа

Со поврзување на телевизорот во мрежа добивате пристап до услуги на интернет како што е Smart Hub, како и софтверски ажурирања.

Мрежна врска - безжична

Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем.

Безжичен IP рутер или модем со

DHCP сервер

Приклучок за LAN на ѕидот

LAN кабел (не се испорачува)

Македонски - 8

Page 250
Image 250
Samsung UE55H6850AWXZF, UE55H6850AWXXH manual Поврзување на мрежа, Користење на CI или CI+ картичка, Мрежна врска безжична