Користење на телевизорот со движење на Samsung Smart Control

Samsung Smart Control има сензор за движења (жироскоп) кој ви овозможува едноставно користење на телевизорот со држење и движење на Samsung Smart Control.

Откако ќе го ставите прстот врз подлогата за допир, на екранот ќе се појави покажувач. Држете го и поместувајте го Samsung Smart Control. Покажувачот ќе се движи на истиот начин како што се движи и Samsung Smart Control. Исто така, можете да ги придвижувате нагоре и надолу екраните што можат да се придвижуваат.

-- Ако го тргнете прстот од подлогата за допир, покажувачот на екранот ќе се исчезне.

Користење на телевизорот со подлогата за допир

-- Одете до менито за Поддршка и изберете ја опцијата Упатство за Smart Control за да научите како да ја користите подлогата за допир, следејќи ги инструкциите на екранот.

Поместување на означувањето/покажувачот

Притиснете ги копчињата за насочување (нагоре, надолу, лево и десно) за да го поместите покажувачот или означувањето во некоја насока.

Пристапување до менито и избирање елементи

Притиснете на подлогата за допир. Тоа ќе ви овозможи да пристапите до мените на телевизорот или да изберете некој елемент.

Прикажување на контекстни менија на Smart Hub

Притиснете и задржете врз подлогата за допир во екранот на функцијата Smart Hub. Ќе се појави менито на функцијата Опции која е достапна за избраниот елемент.

-- Менито на функцијата Опции зависи од контекстот.

Преминување на панелот на Smart Hub

На екранот на функцијата Smart Hub, повлечете лево или десно со прстот врз подлогата. На тој начин ќе ги поместите панелите на Smart Hub во лева или десна насока.

Придвижување со функцијата Web Browser

Влечете нагоре/надолу со прстот врз подлогата за допир во екранот на интернет пребарувачот. На овој начин можете да го придвижувате екранот на интернет пребарувачот.

Македонски

Македонски - 15

Page 257
Image 257
Samsung UE48H6850AWXXH, UE55H6850AWXXH, UE55H6850AWXZF, UE48H6850AWXZF manual Користење на телевизорот со подлогата за допир