Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид

Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова може да доведе до превртување на телевизорот, резултирајќи со сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.

За да избегнете паѓање на телевизорот

1.Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги за

ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.

-- Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како типли, во зависност од типот на ѕидот.

-- Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите дополнително.

2.Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и повторно стегнете ги завртките на телевизорот.

-- Завртките може да не бидат испорачани со производот. Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните спецификации.

-- Спецификации за завртките : За големина од 48 - 55 инчи: M8

3.Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и прицврстувачите поставени на ѕидот со силен кабел и потоа силно

прицврстете ја жицата.

ѕид

 

-- Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне

-- Бојата и обликот на производот

наназад.

може да се разликуваат во

-- Безбедно е да ја поврзете жицата доколку прицврстувачите

зависност од моделот.

поставени на ѕидот се наоѓаат на иста висина или пониско од

 

прицврстувачите поставени на телевизорот.

 

-- Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.

 

4.Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно оштетување. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.

Подредете ги каблите со помош на држачот за кабли

Македонски - 6

Page 248
Image 248
Samsung UE55H6850AWXXH manual Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид, За да избегнете паѓање на телевизорот