Вчитување на страници од индексната страница

Изберете Индекс од едната страна на екранот за да го отворите индексниот екран. Изберете клучен збор од листата за да отидете до потребната страница.

Користење на функцијата Историја за вчитување на страници што сте ги читале претходно

Изберете Отворена страница од едната страна на екранот. Ќе се прикаже листа со страници што сте ги читале претходно. Изберете страница. e-Manual ќе премине на избраната страница.

Пристапување во менито преку e-Manual (Проб. сега)

Изберете (Проб. сега) на страницата на која е објаснета функцијата за да пристапите директно до соодветното мени и да ја пробате функцијата.

Ако сакате да прочитате информации од e-Manualза одредена функција од менито на екранот, Користење на Samsung Smart Control: притиснете го копчето KEYPAD и изберете e-Manual.

Користење на далечинскиот управувач: Притиснете го копчето E-MANUAL.

-- Одредени опции од менито не можат да се користат.

Вчитување на референтни страници

Изберете (Поврзи) од едната страна на страницата на која е објаснета функцијата за да пристапите до соодветната референтна страница.

Ажурирање на e-Manual со најновата верзија

e-Manual може да се ажурира на ист начин како и апликациите.

1.Изберете ја опцијата e-Manualод екранот на функцијата SAMSUNG APPS.

2.Притиснете и задржете го копчето Внеси. Ќе се појави менито на функцијата Опции.

3.Од менито на функцијата Опции на екранот, изберете Ажурирај ги апликациите. Ќе се појави прозорец. -- Функцијата Ажурирај ги апликациите се појавува на екранот само кога е потребно ажурирање.

4.Изберете e-Manualво прозорецот што ќе се појави, а потоа изберете Ажурирај. Овозможува ажурирање на e-Manualсо најновата верзија.

Македонски - 18

Page 260
Image 260
Samsung UE48H6850AWXXC manual Ажурирање на e-Manual со најновата верзија, Вчитување на страници од индексната страница