2-2Безбедносни информации

Адаптер / приклучна станица

Не го модифицирајте поларизираниот приклучок за да може да влезе во неполаризиран приклучок за напојување или продолжен кабел.

Не ја употребувајте надвор или на влажни површини.

Извадете го адаптерот / приклучната станица од штекер кога не се користи и пред да вршите поправки.

За повторно полнење употребувајте ги само адаптерот / приклучната станица што ги испорачува производителот.

Не употребувајте со оштетен кабел или приклучок или разлабавен штекер.

Немојте да влечете или подигате за кабелот, да го користите кабелот како рачка, да затворате врата преку кабелот и да го влечете кабелот околу остри рабови или агли. Чувајте го кабелот подалеку од загреани површини.

Не употребувајте продолжни кабли или штекери со несоодветна преносливост на струја.

Не откачувајте го кабелот од приклучокот за напојување со влечење. За да го откачите, држете го приклучникот, а не кабелот.

Немојте да ги оштетувате или палите батериите бидејќи тие можат да експлодираат при високи температури.

Не обидувајте се да го отворите адаптерот / приклучната станица. Поправките може да ги извршува само квалификуван центар за грижа на корисници.

Немојте да го изложувате адаптерот / приклучната станица на високи температури или да дозволите каква било влага да дојде во контакт со адаптерот / приклучната станица.

POWERbot

Не собирајте тврди или остри предмети како што се стакло, клинци, завртки, парички итн.

Не употребувајте ја без ставен филтер. При сервисирање на уредот, никогаш не ставајте прсти или други предмети во кабината на вентилаторот во случај уредот ненамерно да се вклучи.

Не ставајте никакви предмети во отворите. Не употребувајте ја кога отворите се блокирани; погрижете се на отворите да нема прав, конци, влакна и сè што би можело да го намали протокот на воздух.

Не собирајте токсични материјали (средство за белење со хлор, амонијак, средство за одзатнување одводи итн.).

Не собирајте предмети кои горат или чадат, како што се цигари, кибрит или жежок пепел.

Не ја употребувајте за собирање запаливи течности или течности кои согоруваат како што е бензинот, ниту пак во области каде истите се присутни.

Места во кои има свеќи или столни ламби на подот.

Места во кои има огниште (оган или жар) кое не се надгледува.

Места во кои има дестилиран алкохол, разредувач, пепелници со запалени цигари итн.

POWERbot не треба да се користи во затворен простор во кој има испарување од бои за лакирање, разредувач, средства против молци, запалив прав, или друга експлозивна или токсична пареа.

При претерана употреба или екстремни температурни услови, може да дојде до протекување на батеријата. Ако течноста ве допре на кожа, брзо измијте ја со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш почнете да ги плакнете со чиста вода, најмалку 10 минути. Побарајте помош од медицинско лице.

За повеќе информации за еколошките обврски на Samsung и регулаторните обврски за специфични производи на пр., REACH, посетете ја веб- страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/ samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner. html

Македонски-4

4_SR9000_Q_guide_MK_00750A-00_GE.indd 4

2016-02-16 오후 5:30:18

Page 40
Image 40
Samsung VR20J9040WG/GE manual 2Безбедносни информации, Адаптер / приклучна станица, Македонски-4